Рот: Азил е хуман гест за политички прогонетите, а не гест за избегнување на правдата

Архивска фотографија - Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, во Скопје

Михаел Рот, министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, на својот профил на Титер ги критикуваше унгарските власти поради доделувањето азил на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Правото на азил е човеково право. Тоа е спасоносен гест на хуманост за политички прогонетите, но не и за пријател на шефот на владата, за да ја избегне правдата. ЕУ мора да остане заедница на демократски и правни држави“, напиша Рот на „Твитер“.