Чавушоглу - Убиството на Кашоги не смее да се игнорира заради бизнисите со Ријад

Tурскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу

Убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги не смее да биде игнорирано, само заради зачувување на трговските врски со Саудиска Арабија, изјави во Вашингтон турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Тој денеска во Вашингтон се сретна со неговиот американски колега Мајк Помпео.

Чавушоглу истакна дека соработката на Турција со Ријад во врска со истрагата за убиството на Кашоги не е на „саканото ниво“. Тој нагласи дека ако истрагата на Саудиска Арабија за убиството западне во ќор-сокак, Турција ќе бара покренување меѓународна истрага за случајот.

Кашоги, кој беше новинар на „Вашингтон Пост“, познат по своите критички текстови за властите во Ријад, беше убиен на 2 септември во Саудискиот генерален конзулат во Истанбул.