Грчкото обвинителство почна истрага за користењето нацистички симболи од страна на домашните навивачи во текот на фудбалскиот натпревар со Естонија што се одржа во Атина во рамките на Лигата на нации. Фотографиите од неделниот натпревар на Олимпискиот стадион покажуваат мала група грчки навивачи со знаме со нацистички симбол. „Треба да се преземат сите можни мерки за да се спречат ваквите испади“, изјави министерот за спорт Јоргос Василидис. Естонија победи во тој натпртевар со 1 спрема 0. Десниот екстремизам порасна во Грција во текот на економската криза и со влегувањето во парламентот на пронацистичката партија Златна зора.