Времето денеска: облачно и врнежливо

Во Македонија претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни, а во југоисточните делови проследени со грмежи. Во текот на денот врнежите ќе престануваат, а облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 10, а дневната од 6 до 15 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 12 степени.