Повикот против сите форми на насилство и против насилничко општество беше централна порака на учесниците на денешниот десетти Марш на толеранцијата, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права, организатори на маршот. Десеттиот по ред марш се одржа по мотото „Викни силно против насилство“. Со маршот се одбележува Меѓународниот ден на толеранцијата.
Маршот започна пред Музеј на град Скопје, па преку улица Македонија се до Универзитетот на Југоисточна Европа во Старата чаршија. Со маршот беше одбележан и Меѓународниот ден на толеранцијата 16 ноември. Од Хелсиншкиот комитет порачуваат институциите да го санкционираат насилството од омраза.