Мицотакис - Договорот од Преспа го интензивира проблемот со името

Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија

Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, рече Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија во обраќањето на крајот од третиот Самит во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис од Солун, уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија нема да го поддржи Договорот од Преспа, велејќи дека договорот е лош. Со оглед на тоа дека говореше на самитот организиран од Федерацијата на индустрии од Северна Грција, Мицотакис се задржа и на економскиот аспект на Договорот од Преспа за кој смета дека е негативен.