Студено време со повремени врнежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, најавува УХМР. Се најавуваат и повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени.

Снежна покривка од шест сантиметри е формирана изутринава во Маврово, а во Крушево и Лазарополе четири односно три сантимери. Најниска температута од -5 степени, пак, е измерена во Берово.

И утре ќе биде студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите на места ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови. Во понеделик во текот на денот ќе има преодно стабилизирање, а нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.