Американскиот суд нареди враќање на акредитацијата на новинарот на Си-Ен-Ен

Новинарот Џим Акоста и американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот судија Тимоти Кели и нареди на Белата куќа да му ја врати акредитацијата на новинарот Џим Акоста од Си-Ен-Ен. Според одлуката, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп треба веднаш да му обезбеди на Акоста пристап во Белата куќа.

Акредитацијата на Акоста му беше одземена на 8 ноември откако тој и Трамп имаа жестока вербална конфронтација на прес-конференција за изборите. Судијата Кели беше назначен на функцијата од страна на Трамп.