Груевски нелегално и пеш влегол во Албанија, тврди полицијата

Поранешниот премиер Никола Груевски

Портпаролот на албанската полиција, Гентиан Мулаи денеска изјави дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски „во Албанија несомнено влегол пеш и на нелегален начин“. Тој во изјава за АФП посочува дека влезот на Груевски не е регистриран на ниту еден граничен контролен премин меѓу Македонија и Албанија.

Мулаи истакнува дека „за да не привлече внимание, Груевски границата меѓу двете земји требал да ја премине пешки, дали кај Преспа – Југоисточна Албанија, дали преку Дебар – Североисточна Албанија“.