Лидерот на германската владејачка Христијанско-социјална унија (ЦСУ), Хорст Зехофер, која е коалициски партнер на Христијанско-демократската унија на канцеларката Ангела Меркел, изјави дека ќе се повлече од лидерското место во партијата на почетокот на следната година. Зехофер сепак сака да најави дека ќе остане министер за внатрешни работи.
ЦСУ е активна само во Баварија, а притисокот врз Зехофер се зголеми откако неговата партија на изборите во октомври изгуби значителен број гласови, иако остана на власт.
Претходно и Меркел најави дека ќе се повлече од лидерската позиција во својата партија, но дека сака да остане канцеларка до крајот на мандатот.