САД со уште поголем фокус врз Балканот

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Новото мнозинство во американскиот Претставнички дом нема да донесе и големи промени во надворешната политика на САД кон Балканот. Напротив, може да се очекува уште поголема фокусираност. Продолжува американската подршка за договорот од Преспа, реформите во Македонија, како и спречувањето на руското влијание во регионот.