Пад на фунтата поради превирањата во британската влада за Брегзит

Британската фунта денеска падна за 1,48 отсто во однос на американскиот долар по новите превирања во британската влада околу договорот за Брегзит.

Министерот за Брегзит Доминик Раб и уште четворица други министри денеска поднесоа оставки. Британската валута вчера оствари раст, откако премиерката Тереза Меј соопшти дека постигнала договор со ЕУ за излезот на Британија од Унијата.

Дел од министрите кои денеска поднесоа оставки не се согласуваат со договорот.