Димитров до Сијарто – Парадоксално е Груевски да бара азил од членка на ЕУ

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров

Парадоксално е личност во чие владеење Македонија беше окарактеризирана како „заробена држава“ токму од Европската комисија да бара азил од земја-членка на ЕУ.

Ова му го кажал министерот за надворешни работи Никола Димитров на неговиот унгарски колега Петер Сијарто во телефонски разговор, информира МНР.

Димитров ја потенцирал важноста на принципот на владеење на правото, кој претставува темелен европски принцип.

Сијарто потврдил дека поранешниот премиер Никола Груевски побарал азил во Унгарија и дека процедурата е во тек. Тој ја нагласил унгарската поддршка за македонските евроинтеграции.

Груевски требаше да замине на отслужување двегодишна затворска казна за случајот Тенк, но избега во Унгарија и побара политички азил.