Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на "Фејсбук" побара одговорностa за бегството нa поранешниот премиер Никола Груевски да се бара од власта.
"Одговорноста за начинот на движење, методите и бегството на Груевски треба да се бара во власта, поточно во Заев и Спасовски", напиша Мицкоски на "Фејсбук".
Тој допoлнува дека "прогонот кој го прави власта е политички мотивиран и е евидентен и многу јасен, но оти самиот потег на бегство не го оправдува.
"Тоа не е опција особено што други лица и нивните семејства ќе ги трпат последиците од таквата постапка. Оваа земја има поголем проблем, тоа е криминалната власт на СДСМ која мора да се спречи"се вели во објавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.