Мускат: Поддршка од Малта за евроинтеграциите на Македонија

Премиерот на Малта Мускат во посета на Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска се сретна со премиерот на Република Малта Јозеф Мускат кој е во прва официјална посета на земјава.

Од кабинетот на Џафери информираат дека Претседателот на Владата на Малта, Јозеф Мускат искажал подготвеност неговата земја да даде поддршка на Република Македонија на планот на интегрирање во ЕУ и тоа со конкретни програми и планови, доколку тоа биде побарано од нив, како на технички, така и на административен план.

Двајцата соговорници се согласиле дека ќе дадат максимален придонес за продлабочување на идната соработка на секој план

Џафери нагласил дека, Република Македонија со Република Малта нема отворени прашања на политички план но во иднина треба заеднички да се работи на зајакнување на економската и трговска соработка.