Израелскиот министер за одбрана поднесе оставка поради прекинот на огнот со Хамас

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман денеска ја објави својата оставка и повика на распишување нови избори. Со тоа владата остана со тенко мнозинство во парламентот. Тој вели дека пресвртна точка за неговата оставка биле милионите долари од Катар за Појасот Газа со согласност на Израел и прекинот на огнот со екстремистичката организација Хамас, која владее со оваа палестинска територија. Либерман смета дека прекинот на огнот е „капитулација пред теророт“, додавајќи дека не се тајна несогласувањата меѓу него и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Со прекинот на огнот, кој беше постигнат со посредство на Египет, е прекината најсериозната ескалација на насилствата меѓу Хамас и Израел од војната во 2014 година.

Либерман ја објави оставката по седницата во својата националистичка партија „Израел наш дом“ (Јисраел бејтену).