Американската војска поставува бодликава жица на границата со Мексико

Американски војници го оградуваат нивниот камп во близина на границата со Мексико во Тексас

Американската армија поставува бодликава жива и барикади на границата со Мексико, додека стотици мигранти од Централна Америка се приближуваат до границата.

Околу 400 мигранти, кои се одвоиле од главниот караван во Мексико Сити, стигнале во пограничниот град Тихуана со автобус, велат очевидци. Се очекува поголеми групи да пристигнат во наредните денови, информираат организациите за човекови права. Неколку илјади мигранти во најмалку три каравански групи се движат низ Мексико и се упатени кон американската граница.

Вашингтон претходно најави дека ќе испрати над седум илјади војници за да спречат нелегален влез на мигрантите, од кои најголемиот дел се од Хондурас.

Американската агенција за царина и заштита на границите соопшти дека ќе го затвори сообраќајот на граничните премини Сан Исидро и Отај Меса од Тихуана, по што војската ќе постави бодликава жица, барикади и огради.