Баравме притвор за Никола Груевски за случајот Титаник, бидејќи таму станува збор за потешки криминални дела, но барањето беше одбиено, а за Тенк не баравме бидејќи не Груевски не оддаваше настапи дека нема да се јави на суд, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
„СЈО побара притвор за истрагата Титаник, каде станува збор за висок криминал. Од страна на Судот беше одбиено нашето барање, немаше определени ни мерки. За случајот Тенк не побаравме притвор. Обвинетиот Груевски до минатиот четврток не одаваше настапи дека нема да се јави на Суд, и зошто ние би побарале да биде ставен во пртивор“, изјави Јанева во емисија на 1ТВ.