Си-Ен-Ен ја тужи администрацијата на Трамп за одземената новинарска лиценца

Фотографија од „дебатата“ на претседателот Трамп и новинарот Акоста

Телевизиската мрежа Си-Ен-Ен поднесе тужба против Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради одземање на новинарската акредитација на нејзиниот известувач од Белата куќа, Џим Акоста, соопшти телевизијата.

„Бараме од судот веднаш да донесе налог со кој ќе се бара да му се врати акредитацијата на Џим. Иако тужбата е специфична за Си-Ен-Ен и Акоста, тоа може да му се случи секому. Ако остане несанкционирана, тогаш Белата куќа ќе создаде опасен ефект на обесхрабрување на секој новинар кој ги покрива нашите власти“, се наведува во соопштението на Си-Ен-Ен.