Пет милиони евра казна за организаторите на референдумот за независност на Каталонија

Новиот каталонски претседател Карлес Пуџдемон и неговиот претходник Артур Мас

Артур Мас, поранешниот претседателот на регионалната Влада на шпанската покраина Каталонија, и уште деветмина негови соработници, добија судска пресуда да платат казна од 4,9 милиони евра, колку што се потрошени за референдумот за каталонска независност, објави АП.

Според одлуката на Судот, каталонската регионална Влада, што Мас ја водеше од 2010 до 2016 година, потрошила 4.946.788 евра за организирање на референдумот на 9 ноември 2014 година. Со тие пари владата на Мас, меѓу другото, изеаботила веб страница, купила 7.000 компјутери и ги испечатила гласачките ливчиња. Таа сума треба да ја плати Мас и уште деветмина обвинети за организирање на „илегален референдум”.