Мицкоски: Политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

„Господа од власта кого залажувате и пред кого правите евтин театар сега кога на чиста правдина го посочувате прстот во ВМРО-ДПМНЕ дека наводно крие некого, лажно без аргументи?“, Ова меѓу другото го наведува претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христија Мицкоски на неговиот Фејсбук профил во врска со акцијата на полицијата која, постапувајќи по потерницата продолжува да трага по екс премиерот Никола Груевски за да го спроведе на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Наведувајќи дека нема намера да се жали и правда, ниту да се прикажаа за жртва, бидејќи, како што наведува, „јас чувствувам само мал дел од она што стотици, илјадници граѓани го чувствуваат секој ден’. „Велите дека сте победиле режим, а по што се разликувате од она што толку драматично го опишувавте дека сте се бореле против“, пишува Мицкоски на Фејсбук.