Русија се подготвува да го пречека грчкиот премиер Алексис Ципрас на 7 декември. „Да, всушност таква посета се подготвува“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков. Претходно грчката новинска агенција АМНА, повикувајќи се на грчката владата, јави дека Ципрас планира да ја посети Москва. Грчкиот премиер во септември изјави дека Атина и Москва работат на обновување на билатералните односи и соопшти дека планира да ја посети Русија до крајот на годинава.
Кремљ: се подготвува посетата на Ципрас на Русија
Грчкиот премиер Алексис Ципрас и рускиот претседател Владимир Путин, Атина, 27.05.2016.