Адвокатот на Груевски нема сознание каде е неговиот клиент

Поранешниот премиер Никола Груевски дава изјава пред Суд

Адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски кој се бара со потерница, Димитар Дангов изјави дека нема сознание каде се наоѓа неговиот клиент. Тој во писмена изјава за ТВ 21 наведува дека Груевски нема право на жалба до Врховен суд за одлуката од Кривичен. Сепак, додава дека ќе се искористат сите останати правни можности.

Во меѓувреме, полицијата постапувајќи по потерницата продолжува да трага по Груевски по вечерашните два неуспешни обида да го пронајде во неговиот дом и да го спроведе на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Од МВР соопштија дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија.

МВР на својата веб–страница веќе ја објави и потерницата со фотографија од Груевски, распишана на барање на Кривичниот суд во Скопје, откако Груевски не се пријави во затворот во предвидениот рок.