Полицијата вечерва го бара поранешниот премиер Никола Груевски откако доби известување од Основниот суд Скопје 1 дека судски доставувач не може да го пронајде да му врачи решение веднаш да се упати во затвор.
Полицајци и новинарски екипи беа пред зградата во која живее Груевски, но никој не им ја отвори вратата од станот. Дел од новинарските екипи се пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ откако во медиумите се појавија шпекулации дека Груевски се крие таму.
Од МВР за МИА велат дека полицијата продолжува да постапува по потерницата распишана по Груевски и дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија. Во моментот кога полицијата ќе го најде, тој присилно ќе биде спроведен во затворот Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.