Иран продолжи да ги почитува главните ограничувања од Мултилатералниот договор од 2015 година, се наведува во тримесечниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија. Во извештајот се посочува дека на 4 ноември е извршена проверка на резервите на збогатен ураниум, еден ден пред стапувањето во сила на последните американски санкции кон Иран. Неименуван дипломат денеска изјави дека нема индиции дека иранската соработка со МААЕ е променета откако стапија во сила санкциите од САД. САД се повлекоа од Меѓународниот договор со Иран во мај годинава.