Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за претседателските избори

Архива: претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес конференција во партиското седиште.

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот циклус претседателски избори, изјави претседателот на партијата Христијан Мицкоски за време на денешната посета во Битола. Тој посочи дека доколку парламентарното мнозинство донесе одлука, неговата партија е подготвена и за предвремени парламентарни избори.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги издржи сите притисоци, ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден е се посилно, ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот претседателски изборен циклус, кој ќе се одржи напролет, а доколку парламентарното мнозинство одлучи, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за предвремени или редовни парламентарни избори, истакна Мицкоски

Тој денеска учествуваше на француско-германската комеморација, што денеска се одржа во Битола, посветена на 11 Ноември, Ден на примирјето.