Времето денеска: сончево со слаб ветер

Сончево интермецо во Охрид. Охридско Езеро.

Времето денеска ќе биде сончево, особено на север, додека на југ се очекува облачно претпладне. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер, а дневната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен, соопшти УХМР.

Во Скопје попладне времето ќе биде сончево, а ќе дува и слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе биде до 18 степени.

Утринава имаше магла во Скопско, Тетовско и Струмичко, во останатите делови од земајава имаше мала до умерена облачност и понекаде дуваше и слаб променлив ветер.