Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека секоја ревидирана граница со Србија, која ќе произлезе од преговорите за нормализација меѓу двата соседи, нема да биде повлечена по етничка линии.
„Ќе работиме заедно да ги дефинирме границите, исто како што направивме со Македонија и Црна Гора, но нема да има граници врз основа на етнички линии“, изјави Тачи во интервју за АФП.
„Косово ќе остане мултиетничко исто како и Србија, нема да има раселено население. Регионот ќе биде побезбеден благодарение на овој договор“, рече Тачи еден ден по краткиот и тензичен состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел, каде домаќин беше шефицта за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.