Камчев - Сите мои компании се отворени за соработка со СЈО

Орце Камчев

Извршниот директор на „Орка Холдинг“, Орце Камчев, денеска преку пишано соопштение изјави дека сите негови компании се отворени за соработка со Специјалното јавно обвинителство, како и со сите други државни институции во земјава, и дека сите негови компании, кои вработуваат над 3.000 луѓе, го почитуваат законите.

Инаку, Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека отвора истрага со кодно име Империја, против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.