ИСИС ја презеде одговорноста за насилствата во затворот во Таџикистан

Затворот во Хуџанд во Таџикистан

Исламската држава ја презеде одговорноста за почетокот на крвавите насилства во затворот во градот Хуџанд во северен Таџикистан. Во соопштението на Исламската држава, објавено од нивната новинска агенција Амак, се наведува дека еден нивен борец ги почнал судирите во затворот со тоа што убил еден затворски чувар.

Извори блиски до владата и безбедносни претставници за Радио Слободна Европа потврдија дека насилствата во затворот биле организирани од поддржувачи на Исламската држава, осудени за тероризам и екстремизам.

Во завчерашните судири во затворот загинале најмалку 24 луѓе, од кои двајца затворски чувари.

Затворот во Хуџанд е со висок степен на обезбедување и во него главно се сметуваат затвореници осудени за тероризам и екстремизам, како и за други тешки кривични дела. Во затворот се сместени 800 затвореници.