Македонската банкарска асоцијација бара одложување на оданочувањето на каматите на депозитите на граѓани најавено за од 2020 година, до влезот на земјата во ЕУ. Македонската банкарска асоцијација вчера одржа седница на Собранието на која ги разгледа предложените законски измени што се однесуваат на оданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните.
Тие сметаат дека со одложувањето на даночењето на приходите од камати ќе се задржи позитивниот тренд на штедењето.
Во однос на воведувањето прогресивно оданочување, тие ценат дека е потребна поширока расправа заради унапредување на предлогот со вклучување на позитивни искуства од земјите каде веќе е во примена. Според предложеното законско решение од Министерството за финансии, каматите од депозитите треба да се оданочуваат од 2020 година со стапка од 15 проценти, но ако каматата е поголема од 15.000 денари.