Немири во затвор во Таџикистан, 22 загинати

Архивска фотографија- затворот во Таџикистан

Најмалку 22 луѓе, вклучително и двајца чувари, загинаа во немирите кои ноќеска избувнаа во градот Хуџанд во северен Таџикистан, дознава Радио Слободна Европа од извори блиски до локалните власти. Неколку луѓе биле повредени во немирите.

Сè уште не е познато што ги поттикнало немирите. Безбедносни извори велат дека судирите започнале кога еден затворен нападнал и убил еден чувар. Сè уште нема ниту официјална реакција од владата, а локалните вести само потврдија дека имало немири, без да дадат детали.

Локалните жители велат дека полицијата врши контрола на сите патишта и автопати кои го поврзуваат Хуџанд, втор најголем град во Таџикистан, со соседните Узбекистан и Киргистан. Затворот во Хуџанд е со висок степен на обезбедување и во него главно се сметуваат затвореници осудени за тероризам и екстремизам, како и за други тешки кривични дела. Во затворот се сместени 800 затвореници.