Германскиот европратеник Манфред Вебер е избран за нов лидер на Европската народна партија (ЕНП) во пресрет на клучните избори за Европскиот парламент во мај. Вебер исто така ќе биде кандидат на ЕНП, најбројната група во Европскиот парламент, за нареден претседател на Европската комисија.
На Конгресот на Европската народна партија во Хелсинки, негов противкандидат беше поранешниот фински премиер Александер Стаб. Според официјалните резултати од гласањето, Вебер добил поддршка од 80 отсто од делегатите. Тој е лидер на пратеничката група на ЕНП во Европскиот парламент од 2014 година.
Според сегашните очекува ЕНП да освои најмногу пратеници на изборите за Европскиот парламент во мај, Вебер ќе биде во добра позиција да го замени Жан-Клод Јункер на чело на Европската комисија.
Европската левица, пак, пред две недели го номинираше потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, за наследник на Јункер.