Комисијата го изгласа првиот нацрт-амандман за „Република Северна Македонија“

Собраниската Комисија за уставни прашања

Првиот нацрт-амандман за промена на Уставот денеска помина на собраниската Комисија за уставни прашања со десет гласови „за“ и пет против. Со овој нацрт-амандман се предлага замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во член 36 каде има историски аспект.

Комисијата за уставни прашања ја продолжува расправата по вториот нацрт-амандман со кој во Преамбулата на Уставот одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор.