Ѝ се слоши на обвинителката Русковска, го напушти рочиштето за „27 април“

Обвинителката Вилма Русковска на судењето за „27 април“

Обвинителката Вилма Русковска пред малку во придружба на полициски службеник го напушти судењето во предметот „27 април“ откако ѝ се слоши во судницата. Обвинителката Русковска од судијката Добрила Кацарска побара да ѝ дозволи да ја напушти судницата од здравствени причини. Судењето продолжува со прегледување видео снимки од телевизиските куќи. Во судница се присутни сите 32 обвинети, освен обвинетиот Сашко Марковски за кого постапката беше одвоена. Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.