Трамп повика на соработка за донесување на законите во новиот Конгрес

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп на денешната прес-конференција во Белата куќа ги обвини пензионерите и медиумите за поразот на републиканците во Претставничкиот дом. Тој ги нарече и новинарите дека се негови непријатели. Трамп ги повика републиканците и демократите да соработуваат за донесување за законите во новиот Конгрес.

"Се надеваме дека сите заедно можеме следната година да продолжиме да испорачуваме за американскиот народ. Вклучувајќи го и економскиот раст, инфраструктурата, трговијата и намалувањето на трошоците за лекови на рецепт", изјави Трамп.

Тој, исто така, ги именуваше и критикуваше републиканците кои не побарале негова поддршка за време на кампањата и притоа загубиле на изборите.