Почнува втората фаза од постапката за менување на Уставот

Опозицијата одбива да седне на гласањето за пристапување кон уставни измени во Собранието на Македонија, 19.10.2019.

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја започне расправата за четирите нацрт-амандманите на Уставот согласно Договорот од Преспа, која треба да трае 12 дена. Пленарната седница претседателот на Собранието Талат Џафери, кој истовремено е и претседател на Комисијата, ја закажа за 1 декември. Премиерот Зоран Заев во петокот на прес-конференцијата во Владата соопшти дека четирите амандмани се едноставни, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓународните стандарди и заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграцијата во ЕУ и во НАТО. Според него, нацрт – амандаманите се утврдени низ иклузивен процес и во нив се вградени предлозите на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.