Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, во интервју за шпанскиот весник “Ел Паис“, изјави дека „ЕУ се казнува себеси со тоа што ги спроведува наредбите на Вашингтон и ја санкционира Русија“.
Лавров вели дека односите ЕУ-Русија се „далеку од нормални“.
„Митската руска закана им е наметната на Европејците првенствено од надвор. Санкциите од европските земји врз Русија беа наметнати по директна наредба од Вашингтон”, вели Лавров.