Владата ги усвои амандманите на ребалансот на буџетот

Министерот за финансии Драган Тевдовски.

Владата на Македонија на денешната седница ги разгледувала и ги усвоила амандманите на ребалансот на Буџетот за 2018 година предложени на комисиската расправа во Собранието, соопштува владината прес служба. На седницата се прифатени осум амандмани како дополнување на Предлогот за Изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година. Владата ќе го испрати новиот предлог за ребаланс на Буџетот до Собранието.