ВМРО-ДПМНЕ ќе ги разобличува уставните амандмани во Собрание

Kоординаторот на пратеничката група НА вмро-дпмне Никола Мицевски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе дебатираат за уставните амандмани, за кои собраниската расправа почнува в среда и, како што велат, жестоко ќе ги разобличат сите уставни амандмани. Тоа е одлучено на координацијата на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ вечерва во партиското седиште.

Презентирајќи ги заклучоците, координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, рече и дека одлучиле да не учествуваат во Координативното тело за помирување во Собранието, а што се однесува до расправата за мандатот на поранешниот лидер на партијата Никола Груевски, сметаат дека е политички процес и својот став ќе го искажат во Собранието.

„Нема да учествуваме во Координативното тело за помирување затоа што сè уште немаме содржина на она што би требало да се случува, и според нас тоа е селективноста во правдата која во изминатиот период ја гледаме. Доколку тоа координативно тело донесе заклучоци, одлука или каков било начин за ослободување или решение на проблемите на сите инволвирани од 27 април, ние како пратеничка група ќе го поддржиме тој процес, одлука, закон или што било“, изјави Мицевски по завршувањето на координацијата.