Талибанците убиле 13 војници и полицајци во Авганистан

Илустрација: Контролен пункт во Авганистан

Талибанците нападнале контролен пункт во провинцијата Газни во Авганистан и убиле најмалку 13 војници и полицајци, информираат тамошните власти. Портпаролот на гувернерот на провинцијата изјави дека настрадале седум војници и шест полицајци, дека четири војници биле повредени. Според него, во тричасовната битка биле убиени шестмина бунтовници, додека над 10 биле ранети.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Според нив, пунктот бил поставен пред два дена за да се пресечат линиите на снабдување на талибанците, но дека во нападот е целосно уништен.