Украинскиот претседател Петро Порошенко и цариградскиот патријарх Вартоломеј потпишаа договор за создавање самостојна украинска црква. Церемонијата се одржа денеска во резиденцијата на патријархот во Истанбул.
Вартоломеј повторно изјави дека правото да се обезбеди автокефалност е дел од неговите ингеренции и додаде дека таквите дејства „ќе помогнат да се надмине расколот кој постои во Украина веќе 30 години“.