Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека е разочарана што не е постигнат напредок во разговорите со Србија за решавање на проблемот со исчезнатите лица, како и дека од тоа зависи нејзината официјална посета на земјата.
Китаровиќ во интервју за „Сплитска Далмација“ порача дека пратениците Ивица Вркиќ и Веран Матиќ се трудат по прашањето и изрази надеж дека нивните напори ќе вродат со плод. Но, за тоа, според неа, е потребна и соработка од институциите. Таа порача дека сака „значаен напредок“ во пронаоѓањето на исчезнатите лица пред каква било службена посета на Србија.