Хаменеи со порака до САД дека се поразени од Иран

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи изјави денеска дека САД не успеале да ја потврдат својата доминација врз неговата земја по исламската револуција во 1979 година.

„Америка беше поразена од исламската република во изминатите 40 години“, рекол Хаменеи на средба со студенти.

САД се подготвуваат за нови санкции врз Иран кои треба да стапат на сила на 5 ноември и кое ќе го опфатат нафтениот и финансискиот сектор во земјата.