Сончево време со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 19 до 27 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 23 степени.