Истекува рокот за доставување на нацрт амандманите на Уставот во Собранието

Собрание на Македонија

На денешната седница на македонската влада, според најавите, би требало да биде утврден текстот на нацрт амандманите на Уставот, согласно со Договорот од Преспа. Веднаш потоа амандманите треба да бидат доставени до Собранието, за да се запази рокот од 15 дена што Владата го доби за прецизирање на деталите. Со доставувањето на Нацрт-амандманите во Собранието, почнува да тече рокот од 30 дена до одржувањето на собраниската седница. Комисиската расправа најверојатно ќе почне на 6 ноември, а пленарната на 3 декември. За гласање во оваа фаза е потребно мнозинство од пратениците, односно 61 глас.