Заев попладнево на средба со новата пратеничка група за уставните амандмани

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев попладнево во 16:30 часот во Собранието ќе се сретне со Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на која ќе се разговара за нацрт-амандманите на Уставот што Владата до утре треба да ги достави до Собранието, како и за формирањето координативно тело за помирување. На првата консултативна средба, што се одржа во понеделникот, беше разговарано за сите четири точки од барањето на пратениците од опозицијата, кои го поддржаа отпочнувањето на процесот за измена на Уставот.