Никола Мицевски е нов координатор на ВМРО-ДПМНЕ

Архивска фотографија- Никола Мицевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Никола Мицевски е новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Мицевски е член на неколку собраниски комисии, а за пратеник беше избран од листата од изборната единица три во која е и неговиот роден град Штип. Тој е назначен за координатор откако пратеникот Драган Данев се повлече од позицијата.