Индија денеска го откри највисокиот споменик во светот, 182 метри високата статуа во чест на Сардар Валабаи Пател, херој од борбата за независност и прв вицепремиер на Индија.
Статуата на единството беше откриена во западната држава Гуџарат, на 142-годишнината од раѓањето на Пател.
Бронзениот споменик, на брегот на реката Нармада, го откри премиерот Нарандра Моди, кој потекнува од Гуџарат, исто како и Пател.
За изградбата на зданието беа потрошени 430 милиони долари, се градеше 33 месеци, а во изградбата учествуваа 250 инженери и 3400 работници.
Илјадници полицајци го обезбедуваа отворањето, зашто локалните племиња во изминатите месеци протестираа , тврдејќи дека со проектот се уништуваат природните ресурси.
Досега, највисок споменик беше 128-метарскиот Пролетен храм на Буда во Кина.
Статуата на единството во Индија е речиси двојно повисока на Статуата на слободата во Њујорк.