Пензионери во Србија протестираат поради намалени пензии

Архива: протест на пензионери во Србија.

Неколку стотици пензионери се собраа во центарот на српскиот главен град на протест против намалувањето на пензиите и нискиот животен стандард. По денешниот собир на плоштадот „Никола Пашиќ“ во Белград, демонстрантите маршираа до Уставниот суд.

Слични протести беа одржани во неколку други српски градови. Во февруари 2015 година, владата на тогашниот премиер Александар Вучиќ потпиша тригодишен договор за заем со Меѓународниот монетарен фонд, откако белград се заложи за мерки за намалување на својот долг и буџетски дефицит.

За да се обезбеди договорот за заем од 1,2 милијарди евра, владата на крајот на 2014 година ги намали платите и пензиите во јавниот сектор.

Српските пензионери бараат сегашната влада на премиерката Ана Брнабиќ да ги поврати исплатите на пензиите и да воведе годишно приспособување на пензиите, велејќи дека нивните пензии ќе се намалат за 25 отсто во услови на зголемени трошовци за живот.